Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо кој по успешниот настап на Европското првенство реализираше камбек во Барселона од каде започна со фудбалот е незадоволен уште на стартот на кариерата во каталонските редови, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Причина за тоа е што Барселона се уште не може да го регистрира поради финансиски рестрикции па тој ги пропушти првите два натпревари од новата сезона против Валенсија и Билбао.
Со цел да ја надмине непожелната ситуација Барселона го продаде Гундоган во Манчестер Сити, но потребни се и повеќе заминувања од Барселона. На излез на клубот се и Фаје кој треба да се пресели во Рен, Роке во Бетис и Ленгле во Атлетико Мадрид, но овие трансфери се уште не се финализирани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА