Пако Алкасер е новото засилување за нападот на Борусија Дортмунд, откако „милионерите“ конечно успеаја да ги финишираат повеќедневните преговори со Барселона за ангажманот на шпанскиот голгетер. Тој пристигнува во Дортмунд како позајмен играч, Борусија ќе плати 2,2 милиони евра за оваа позајмица, воедно и целосно ќе ја преземе обврската за платата на овој фудбалер, во висина од четири милиони евра.
Доколку Шпанецот ги оправда очекувањата, Борусија Дортмунд ќе има можност целосно да го откупи неговиот договор со Барса за сума од 20 милиони евра.
„Пресреќен сум што доаѓам во Дортмунд, да играм пред овие фантастични навивачи. Со нетрпение го очекувам предизвикот што го носи Бундес-лигата“ – изјави Алаксер при пристигнувањето во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА