Од Бока јуниорс порачуваат: Нема жива сила која може да не врати на стадионот на кој можевме да загинеме!

Денеска се очекува да биде донесена одлуката околу тоа каде и кога може да се одигра реванш натпреварот од финалето во Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс кое беше одложено поради нападот на автобусот на гостинските фудбалери.

Според дел од аргентинските медиуми постојат две опции околу одигрување на натпревар. Да се игра на истиот стадион, на „Монументал“ но без публика, или да се игра надвор од Аргентина.

Но, од редовите на Бока јуниорс категорично повторуваат дека не планираат повеќе да се вратат на „Монументал“….

„Никој не може да ми го врати окото ако останам без него. Беше очигледно за сите дека ние не можеме да играме. Не сакаме да се вратиме на стадионот на кој можевме да загинеме затоа што таму се луди луѓе кои сакаа да не убијат. Не ми е јасен ни КОНМЕБОЛ откако слушнав дека тие инсистираат да се игра натпреварот. Па, тоа е срамно. Иако знам дека поголемиот број навивачи нема никаква врска со овој хаос, таму сепак постојат лудаци кои сакаат да нанесат зло. Па, еве не знам што може да се случи на тој стадион ако ние победиме?“ – вели фудбалерот кој најлошо помина при нападот на автобусот на Бока јуниорс, Пабло Перез.

Се вчитува...