По синоќешниот прекин на мечот меѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје од Првата македонска кошаркарска лига, откако кошаркарите на МЗТ одбија да се вратат на паркетот тврдејќи дека се нападнати од неслужбени лица на полувремето во соблекувалните, со свое соопштение и од КК Чаир.
Од Чаир ги демантираат наводите на МЗТ Скопје дека нивните кошаркари и тренери биле нападнати нарекувајќи го инцидентот измислен а целиот случај конструкција од клубот од Аеродром за некакви нивни цели.
„Супер натпревар, блескава атмосфера, преполна спортска сала и вечер која ќе остане долго во нашите спомени.Што се однесува до информациите и лагите кои се шират во јавноста, ги демантираме потполно со доказ дека целиот натпревар е сниман од сите агли, од медиумите и исто така од други камери. Наводниот инцидент е измислен од противничкиот клуб, кој како и секогаш, во моментите кога гледаат дека губат, лансират невистинити работи. Категорично тврдиме дека во ниту еден момент немаше физички контакт“ – се вели во соопштенито на Чаир 2030.
Натпреарот, како што е познато, се играше до полувремето, со прекин при резултат 42-44, откако гостинските кошаркари одбија да излезат од соблекувалните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА