Од Дечиќ порачуваат: Ова е голем ден за нашиот град, подготвени сме да го елиминираме Силекс

Во очекување на утрешниот прв натпревар од стартното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА меѓу црногорскиот прволигаш Дечиќ и кратовски Силекс, Црногорците одржаа прес-конференција на која ја нагласија желбата за свој успешен старт во Европа.

Силекс гостува на првиот дуел против црногорскиот тим, од каде порачуваат дека се подготвени да ги елиминираат Македонците.

„Сигурен сум дека ќе имаме успешен настап. Оваа средба е важна за нашиот клуб и град. Постои огромен ентузијазам затоа што играме првпат европски натпревар во нашиот град. Сите фудбалери се мотивирани да дадат сè од себе на утрешниот натпревар, со јасна цел да постигнеме позитивен резултат кој ќе нè приближи до следното коло во Европа. Нема воопшто да ни биде лесно против Силекс, но подготвени сме да го дадеме максимумот“ – истакнаа тренерот на Дечиќ, Небојша Јандриќ и фудбалерот Леон Ујкај.

Натпреварот меѓу Дечиќ и Силекс на стадионот „Тушко поље“ се игра утре со почеток од 20 часот.

Се вчитува...