Од делириум до фрактура на раката – Лампард скапо ја плати победата на Евертон (ВИДЕО)

Тимот на Евертон синоќа успеа да дојде до голема победа над Њукасл, откако со 1-0 запиша нови три бода во Премиер-лигата. Алекс Ивоби беше херојот на „карамелите“, кој погоди во 99.минута од натпреварот.

Менаџерот на Евертон, Френк Лампард влезе во невиден делириум, а по прославата на победата му била евидентирана фрактура на раката.

„Си ја скршив раката при прославата. Моите коски можеби омекнуваат. Не се сеќавам на моментот. Не удрив во ништо, можеби ми се судрија двете дланки, не знам. Само почувствував болка и дека раката ми се тресе. Но не е ништо страшно. Најважни се трите бода“, рече Лампард по натпреварот.

Евертон моментално се наоѓа на 17.место на табелата во Премиер-лигата со 25 бодови, три повеќе од опасната зона.

 

 

 

Се вчитува...