Од денеска па до недела на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје ќе се одиграат натпреварите од финалниот турнир од Детска Лига за сезона 2022/23.
Почнувајќи од денеска од 13 часот, а заклучно со недела во 13:30 часот на ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2010 – 2015).
Ова е само завршница на годинешното издание на Детска лига каде учествуваа повеќе од 135 клубови и 575 екипи со повеќе од 8500 млади фудбалери кои имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА