Од денеска Роналдо плука на се што зборуваше досега (ВИДЕО)

Денеска Кристијано Роналдо го очекува официјалното деби во дресот на Ал Наср кој на домашен терен во шампионатот на Саудиска Арабија го пречекува Ал Тае.

За првпат во кариерата Роналдо денеска ќе настапи за клуб надвор од Европа, нешто кое малку се очекуваше ако се суди според неговите ставови до пред само неколку години.

Со денешното деби за тим од Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо, пак, официјално ќе плукне на се што зборуваше во своите интервјуа пред неколку години.

„Во мојата глава, сакам да ја завршам кариерата на високо ниво. Сакам да завршам достоинствено, навистина добро. Во добар клуб. А тоа не значи да одам во Америка, Катар или Дубаи“ – изјавуваше Роналдо.

Но, на претставувањето во Саудиска Арабија ја смени плочата и сега е горд што дошол тука…

„Горд сум на овој чекор. Мојата приказна во Европа е готова. Играв за најдобрите клубови во Европа и сега и благодарам на Саудиска Арабија на можноста за нов предизвик“ – рече Роналдо на претставувањето во Ал Наср.

Се вчитува...