Српската кошаркарска репрезентација престојното лето ќе учествува на Летните олимписки игри кои во месец август ќе се одржат во главниот град на Франција, а постои голема дилема дали најдобриот кошаркар на нашиот северен сосед, Никола Јокиќ ќе го облече репрезентативниот дрес.
Самиот Јокиќ по крајот на сезоната во НБА лигата изјави дека му е потребно време да размисли, а од таборот на Денвер се надеваат дека нивниот центар нема да настапи за Србија и летото ќе го искористи за одмор.
„Ни претстојат Олимписките игри во Париз и не сум сигурен каква е неговата конечно одлука за играње таму, но ако игра тоа ќе биде уште поголем „километража“ на неговото тело“, изјави тренерот на Денвер, Мајкл Малоун.
„Некој ми кажа дека во последните пет, шест сезони Јокиќ е втор во НБА лигата по одиграните минути веднаш зад Тејтум, што е многу минути за еден висок играч. Мораме да биеме паметни кога станува збор за одредени работи и да погрижиме кога ќе дојде плеј-офот да може да игра најдобра кошарка“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА