Килијан Мбапе е суспендиран од првиот тим на ПСЖ за новата сезона со директна одлука од сопствениците од Доха откако одби да потпише нов договор со клубот.
24-годишниот Мбапе имаше договор со раководството на парискиот клуб да ја продолжи соработката со ветување дека ќе го продадат наредното лето на Реал Мадрид, но францускиот напаѓач го прекрши договорот. Одби нов договор и планира како слободен играч следното лето да ги засили „кралевите“.
Токму поради тоа сега е суспендиран и ако ситуацијата не се реши брзо а Мбапе остане во ПСЖ да го испочитува договорот кој го има до јуни 2024, тогаш нема да добие ниту секунда игра во новата сезона.
Французинот, притоа, ја одби и најголемата понуда во историјата на фудбалот. Ал Хилал му понуди 700 милиони евра за една сезона, најголем износ на сите времиња, а ПСЖ требаше да добие 300 милиони евра. Но, Мбапе и тоа го одби.
Сепак, иако францускиот репрезентативец е отпишан и ставен на трансфер листа а ПСЖ ќе се обиде ова лето да му најде нов клуб, ако Мбапе го одбие и тоа, што е сосема реално затоа што никој не може да го натера да договори услови со друг клуб, ПСЖ ќе мора да му исплати за следнава сезона дури 222 милиони евра. Според договорот. Без разлика дали играл или не.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА