„Од два во еден“ – пресврт победа на Арсенал против Вест Хем

Арсенал стигна до 40 поен во Премиерлигата откако во 17. коло славеше против Вест Хем со 3-1. „Чекичарите“ имаа предност на полувремето, меѓутоа „топџиите“ блеснаа во вторите 45. минути за голема победа со која дополнително ја зголемија предноста на врвот на табелата.

Мечот го отвори Бенрама кој во 27. минута реализираше од белата точка, а целосниот пресврт го најави Сака во 53. минута. Пет минути подоцна стрелаше Мартинели, а Нкетиа во 69. минута го доведе својот тим и во дополнителна предност за 3-1.

 

Се вчитува...