Марсеј ја продолжи трката со ПСЖ за врвот на табелата во француското првенство откако во пресврт во второто полувреме славеше на гостувањето кај Толуз со 2-3.
Тулуз поведе уште во 3. минута од натпреварот со голот на Далинга, а предноста домаќините ја задржаа до полувремето. Сепак Марсеј успеа да стигне до изедначување уште во 52. минута преку Мбемба, а седум минути подоцна и до водство преку Ундер. Таварес стрелаше во 79. минута за 1-3, а поразот го ублажи Ониаву во 87. минута.
Марсеј останува на пет бода зад лидерот на табелата, а Тулуз на 11. место со 32 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА