ФОТОГАЛЕРИЈА: Од еуфорија до тага за пет минути… Не било пишано најтешкиот меч да заврши со македонска радост

Македонската фудбалска репрезентација ремизираше со Велс во вториот меч од квалификациите за СП 2026, исход од кој остануваме максимално разочарани, особено поради разврската во последните секунди кога им дозволивме на противниците со среќен гол да стигнат до израмнување и голем бод во Скопје.

Вистинска штета, еуфоријата по оној водечки гол на Миовски траеше пет минути, но и тоа беше недоволно за да се стигне до цел плен и да се награди со победа публиката која во огромен број дојде да ги бодри „црвено-жолтите“.

Останува тагата, што овој најтажен меч во фудбалската историја, посветен на 59-те жртви од Кочани, не го крунисавме со победа, која беше така блиску, но ни се лизна во последните секунди. Сепак, не смееме да го заборавиме позитивното – задоволството од покажаниот карактер, како јасен предзнак дека оваа репрезентација на Македонија се уште го нема кажано последниот збор.

Со ваков карактер, тактичка дисциплина и квалитет, веруваме дека момците на селекторот Милевски во иднина ќе ни донесат уште поголеми радости.

Се вчитува...