Од еуфорија до разочарување и збогување од Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Лозана
Горан Бошев

Вардар целосно разочара вечерва во Лозана, и загуби убедливо со 5-0, што значеше елиминација од настапите во Лигата на Конференции. Вардаровиот тим потфрли во сите линии, правеше грешки кои се недозволиви, и како резултат на тоа дојдоа пет гола од швајцарската екипа.

Пет голови се многу, но „црвено-црните“ беа далеку од нивото кое го покажаа во Скопје пред седум дена. Елиминацијата е заслужена, и добра лекција пред првенството во кое се најавува атак на двојна круна. Вардар ќе мора многу подобро од ова вечерва.

Ниту тренерот Седлоски не го криеше разочарувањето по мечот. Кажа дека треба да се види дали и вештачкиот терен има „вина“ во овој пораз, или „залетувањето“ после победата во Скопје. Во секој случај Вардар заврши во второто коло во Европа, и сега се врти кон првенството.

Се вчитува...