Душан Влаховиќ е еден од најпосакуваните играчи на трансфер маркетот. Српскиот интернационалец веќе две сезони ги „кине“ мрежите во италијанското првенство па за неговите услугите се заинтересените голем број на европски велкани.
Во опција е трансфер во редовите на Арсенал кој е подготвен да плати 75 милиони евра, но се чини дека до истиот нема да дојде бидејќи клубот не е доволно „атрактивен“ за 21-годишникот.
Опција е и останување во Фиорентина, но клубот полека го губи трпението со напаѓачот. На темата трансфер говореше и првиот човек на клубот, Џон Барон кој вели дека Србинот мора што поскоро да се одлучи за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.
„Очекуваме Душан веднаш да донесе одлука за својата иднина. Нам ни треба одговор веднаш дали сака да остане или сака да замине. Пред два дена го прашавме Душан да ни даде одговор на ова прашање и веднаш јавно да ги изјасни неговите ставови“, вели Бароне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА