Одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ да му одзеде три бода на Гостивар, за неправилниот настап на играчот Гордијан Христовски наиде на револт кај гостиварци кои не се согласуваат со одлуката од Куќата на фудбалот.
Покрај одземените три бода, гостиварци ќе мора да платат и глоба од 1.000 евра. Гордијан Христовски, пак, ќе нема право за настап во следните шест месеци поради прекршување на дисциплинскиот правилник.
Но, од ФК Гостивар велат дека ова е неправилна одлука затоа што клубот нималку не е виновен што ФФМ претходно го лиценцирал фудбалерот без никаков проблем.
„Одлуката на ФФМ е скандалозна! Не можете да ни избришете три бода! Нашите фудбалери освоија три бода со борба на терен! Дали друг тим би добил ваква казна? ФФМ е тој кој му ја издаде лиценцата на Гордијан. Ако има грешка, тоа е грешка на ФФМ. Дали лицето кое издало погрешно одобрение за лиценца, е казнето? Дали ова беше стапица за нас? Како може Вардар да се жали за натпревар кој не беше игран против него? Како може ФФМ да ја прифати оваа желба иако не беше запазен терминот за жалба?“ – велат од ФК Гостивар во својата реакција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА