Манчестер сити доживеа нов шок во 17. коло од Премиерлигата, овој пат на домашен терен ремизирајќи со Кристал Палас (2-2).
По претходно освоените само шест бода на последните пет натпревари, „граѓаните“ продолжуваат со очајната форма, сега не успевајќи да дојдат до целиот плен и против Кристал Палас.
Манчестер сити поведе со головите на Грилиш во 24. минута и Луис во 54. минута. Гостите успеаја да постигнат гол преку Матета во 76. минута и да внесат неизвесност во мечот па до крајот со голот од пенал на Олисе во 95. минута и тотално да го шокираат тимот на Пеп Гвардиола за конечни 2-2.
По двата претходни порази од Манчестер јунајтед и од Евертон, конечно победа и за Челси кој славеше со 2-0 против Шефилд јунајтед.
Челси славеше со головите на Палмер во 54.минута и Џексон во 61. минута.
Њукасл без проблеми со 3-0 го победи Фулам, а натпреварот меѓу Бурнмаут и Лутон е прекинат во 66. минута откако на терен колабираше дефанзивецот на гостите Том Локер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА