Од херој до трагичар – Погледнете како Стојковиќ му плесна шлаканица на фудбалер на Генк (ВИДЕО)

Фудбалерите на Динамо одиграа 3-3 против Генк по продолженијата во реваншот од осминафиналето на Лигата на Европа и беа елиминирани од Европа.

Динамо го доби регуларниот дел од мечот со 1-3 по што се отиде на продолженија, но таму примија два гола и го завршија натпреварувањето. Херој на „модрите“ во овој дел беше Лука Стојковиќ со два постигнати гола.

Динамо добро се држеше до 100. минута, потоа Кардосо Варела направи грешка, а Јуња Ито постигна гол за вкупна предност од 5-4. И, само пет минути подоцна, „сините“ останаа со еден играч помалку бидејќи херојот Лука Стојковиќ беше исклучен по еден непромислен потег. Тоа беше веќе негов трет црвен картон оваа сезона.

Сосема непромислено Стојковиќ му удри шлаканица на стоперот на Генк, Матео Сметс. Германскиот судија Феликс Цвајер прво му даде жолт картон, но потоа интервенираше ВАР собата и го повика на проверка. После тоа ја промени својата одлука и му покажа црвен картон. Сето тоа беше крај за Динамо, а Стојковиќ од херој стана вистински трагичар на својот тим….

  • Непромислениот потег на Стојковиќ, за кого ова е трет црвен картон сезонава, може да го погледнете на временскиот исечок – 14:35…

Се вчитува...