ЕКИПА во Келн,
Симон Котларов
Поголемиот дел македонски фанови, иселеници од Германија и околните западноевропски земји, како дополнение на „Комитите“, секако се во Келн на Ф4 турнирот од ракометната Лига на шампиони пред се за поддршка на Вардар.
Но, Македонците не го забораваат ниту најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кире Лазаров кој со Нант денеска од 18 часот против Монпелје ќе се бори во финалето за европската титула. Па, ниту огромната далечина од Канада до Келн не е пречка да се биде во Германија и да се бодри Кире… А и дефинитивно се исплатеше…, по она негово вчерашно извонредно издание и осумте постигнати гола против ПСЖ во полуфиналето со кои го запиша своето име како рекордер по број на постигнати гола на Фајнлфор турнирите од ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА