Од крадец и наркоман до светски шампион

Луво Манионга на Светското атлетско првенство во Лондон го освои златото во скок во далечина со прескокнати 8,48 метри и стигна до светскиот врв. А, само неколку години претходно, атлетичарот од Јужноафриканската Република беше на самото дно.

Бев на чекор од смртта, можеби некои пет проценти ме делеа од тоа“ – признава Манионга.

manionga 3

Тој пред шест години стана зависник од метамфетамин, во моментите кога се пробиваше кон светскиот врв. Во средина како Кејп Таун, Манинонга не успеа да го избегне лошото друштво и да влезе во канџите на дрогата. Набрзо потоа, тој падна на допинг тестот и тоа се чинеше како почеток на крајот на перспективната кариера на младинскиот светски шампион. Неколку години потоа Манионга воопшто го немаше во спортската јавност.

„Тогаш бев на дното, блиску до смртта. Животот ми беше пекол, дрогата ме носеше кон самоуништување. Правев секакви работи…Провалував во туѓи куќи, крадев мобилни телефони за да добијам пари за дрога. Загубив секаква перцепција што е правилно, а што погрешно. Единствено ми беше важно да имам дрога“ – ја раскажува својата приказна јужноафриканскиот атлетичар.

manionga34

Но, успева навреме да се извлече од пеколот. Завршува на рехабилитација и на одвикнување од дрога, се сели во Преторија и почнува да соработува со нови тренери. И се враќа на атлетиката и повторно ужива во спортот. Нов шок за Манионга доаѓа со смртта на неговиот тренер кој загинал во сообраќајна несреќа додека одел на состанок со него.

LONDON, ENGLAND - AUGUST 04: Luvu Manyonga of South Africa in the mens long jump qualification during day 1 of the 16th IAAF World Athletics Championships 2017 at The Stadium, Queen Elizabeth Olympic Park on August 04, 2017 in London, England. (Photo by Roger Sedres/ImageSA/Gallo Images)„Тоа беше страшен удар за мене. Тогаш пред себе имав само две опции – или ќе бидам на подиум во Рио или ќе умрам од предозирање пред да наполнам 30 години“

За среќа, Манионга ја одбра првата опција и по две години на ОИ во Рио освои сребро. Како и секој спортист ја посакуваше олимписката титула, но не беше разочаран ни со второто место, свесен за патот што го помина до олимпискиот подиум во Рио.

manionga6

„Ќе станам најдобар во светот“ – рече тогаш Манионга.

И за неполна година го оствари својот сон. Следна цел на Јужноариканецот му е постигнување на нов светски рекорд и скок подобар од 8,95 метри.

Се вчитува...