Од Кројф и Ди Стефано до Меси и Роналдо – Ѕвезди кои ја пишуваат историјата на „Ел класико“

Времето застанува кога овие два великани ќе се судрат, Реал Мадрид и Барселона во сабота (13:00 часот) ќе ги одмерат силите во 236. „Ел класико“, неофицијално најголемото фудбалско дерби во светот. Овие два клубови делат 90 години историја полна со политика, култура и други разлики кои го прават овој настан толку воздбудлив и речиси е невозможно да се дочека самиот почеток на пресметката.

Пред се, заштитниот знак на „Ел класико“ од секогаш биде најдобрите фудбалери на светот, кои низ годините ги воодушевувале сите фудбалси фанови со своите магични потези.

Од Кројф и Ди Стефано до Меси и Роналдо – Ова се 10. фудбалски ѕвезди кои го обележиле дуелите помеѓу Реал и Барса.

Лионел Меси – Барселона

Меси е најдобриот стрелец во историјата на „Ел класико“ – Дури 24. пати ја тресел мрежата на „кралевите“ вклучувајќи ги и последните два гола кои ги постигна во април, кога со својот втор гол во последните секунди од средбата го реши победникот на „Сантијаго бернабеу“, па ја изведе познатата прослава соблекувајќи го дресот пред фановите на Реал.

collagemesi

Кристијано Роналдо – Реал Мадрид

Да беше Роналдо роден во некоја друга ера, ќе беше апсолутно најдобриот фудбалер на својата генерација. Наместо тоа, сите признанија, награди, трофеи ги дели со Меси. Има постигнато седум подогоди (17) помалку од „10ката“ на Барса на „Ел класико“, но затоа е рекордер по бројот на последователни натпревари на кои ги совладувал голманите на каталонскиот гигант – постигна седум погодоци на шест меча во 2012 година.

Cristiano Ronaldo Celebration Wallpaper vs FC Barcelona El Clasico Copa Del rey 2013 HD with Ramos

Диего Марадона – Барселона

Аргентинскиот гениј само две сезони беше во редовите на Барселона, неговиот престој на „Камп ноу“ се памети по бројните проблеми – на теренот и вон него.

Сепак, најмногу ќе се памети како првиот играч од Барселона на кој навивачите на Реал му ракоплескале. Тоа се случи во 1983 година кога Марадона го издрибла голманот на Реал Аугустин, и наместо да ја смести топката во празната мрежа, Диего направи дополнителна финта со која го исфрли дефанзивецот Хуан Хосе од игра кој буквално се залепи за стативата. Топката секако влезе во мрежата, само што Марадона го оддложи славјето за момент.

e3c8650b7a5fd3e77aade25a31ed315e

Алфредо Ди Стефано – Реал Мадрид

Еден од најдобрите играчи на Реал на сите времиња повеќе од една деценија го носеше „кралскиот“ дрес. Осум пати беше првак на Шпанија и шест пати ја освојушае Европа. Ди Стефано беше најдобриот стрелец на „Ел класико“ со 14 погодоци, пред да стапат на сцената Меси и Роналдо.

Пред своето доаѓање во Реал во 1953 година, Ди Стефано требаше да потпише за Барселона, дури и одигра еден пријателски меч во каталонскиот дрес, а легендата вели дека шпанскиот диктатор Франко лично интервенирал за да го доведе во главниот град и да заигра за „кралевите“.

9a3c983d000d8e43fc2df26bd0942c32

Роналдињо – Барселона

Навивачите на Реал Мадрид му аплаудираа и на Роналдињо, 22 години подоцна откако тоа го направија за Марадона. Тогашната „10ка“ на Барса ги совлада „галактикосите“ со два незаборавни гола на „Ел класико“ во 2005 година во победата од 3-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Мрежата ја погодуваше на четири последователни натпревари против Реал во периодот од 2004 до 2006 година.

2841593

Мануел Санчис – Реал Мадрид

Санчис беше член генерацијата која доминираше со шпанскиот фудбал во 80-те години, заедно со Емилио Бутрагенјо, Мичел, Мартин Васкес и Мигел Пардес. Санчис е играчот кој настапил на најмногу „Ел класико“ средби, дури 43 пати бил дел од „гладијаторската“ битка, а кариерата ја заврши во 2001 година.

1737755_w2

Чави Ернандез – Барселона

Чави вториот играч по број на настапи на „Ел класико“, заостана само еден меч зад Санчис. Со својот талент инспирираше цела генерација на фудбалери на Барса.

Чави беше срцето на „тики-така“ филозофијата која ја покори Шпанија, Европа, па и светот. Целата европска кариера ја мина во дресот на „каталонците“, а освои осум шпански првенства и четири трофеи во Лигата на шампиони.

c0f65d811359ea6ecde9aa374ba21668

Ференц Пушкаш – Реал Мадрид

Унгарскиот голгетер беше меѓу најдобрите играчи во своето време. Постигна 622 гола на 629 натпревари во кариерата, од кои 14 се против Барселона носејќи го дресот на Реал. По неговото доаѓање од Хонвед, Пушкаш три сезони (од 1959 до 1962 година) во низа постигнуваше најмалку 40 погодоци по сезона. Магазинот „Ворлд сокер“ го прогласи за седми најдобар играч во 20. век.

69404_puskas_ferenc

Јохан Кројф – Барселона

Откако Кројф пристигна од Ајакс во 1973 година, во истата сезона допринесе Барселона да ја освои првата титула во Шпанија по 17 сезони пост. Постигна и еден гол во славната победа од 5-0 над Реал, но Кројф најмногу ќе се памети како еден од највлијателните играчи во историјата на клубот, и како играч и како тренер. Како стратег го изгради претпознатливиот стил игра кој Барселона и до денешен ден го негува.

c5887be40642d0a5e3ef995648cf4af5

Раул Гонзалез – Реал Мадрид

Во историјата на Реал, само Ди Стефано и Кристијано Роналдо имаат постигнато повеќе голови против Барселона, Раул зад себе има 15 погодоци против „каталонците“. Раул е единствениот фудбалер кој три пати е прогласен за најдобар напаѓач во Европа според УЕФА. Неговите голови во клучни моменти и неговата лојалност кон клубот се причините зошто е миленик меѓу фановите на Реал.

c355e44a416ff896466648bca34071ff

Се вчитува...