Од Леверкузен велат: Баерн Минхен е убедливо најдобриот тим во Европа

Баерн Минхен синоќа го победи тимот на Баер Леверкузен со 3-0 на домашен терен во Бундеслигата. Некогашниот првак немаше никакви шанси против актуелниот, кој ја продолжува серијата на победи во сите натпреварувања.

Тренерот на „фармацевтите“ Каспер Хјулманд го призна поразот, и рече дека во моемнтов Баерн Минхен е најдобриот тим во Европа.

„Мораме да признаеме дека во моментов Баерн Минхен е убедливо најдобриот тим во Европа. Тие веднаш ги казнија нашите грешки. Не сме задоволни од нашиот настап, имаме многу да работиме, но генерално Баерн Минхен бее многу добар. Мораме да го признаеме тоа“, изјави Хјулманд.

Се вчитува...