Златко Далиќ оствари фантастичен резултат со победата од 3-0 над Аргентина, најголема досега во неговата селекторска кариера. Скромниот стратег повторно ја погоди тактиката, го вклучи Брозовиќ на позицијата последен играч за врска, што му даде дополнителна слобода на Лука Модриќ.
„Од сите играчи на таа позиција Брозовиќ е најбрз и најжилав. Му дадов шанса и не ме разочара. Игравме одлично, ова ми е најголема победа во кариерата досега, но нема простор за еуфорија. Допрва претстојат поголеми предизвици“ – истакнува Далиќ.
Аргентина денеска беше понижена од овој стратег, кој уште повеќе ќе ги разочара „гаучосите“ со одлуката на третиот натпревар против Исланд да одмори голем дел од стандардните првотимци. На Аргентинците речиси сигурно ќе им треба услуга од Хрватска на овој меч, но Далиќ нема намера да ризикува со повреда на клучните играчи во ситуација кога пласманот во осминафиналето е обезбеден.
„Одиме понатаму, целта е прво место и ќе сториме се за да го освоиме. Сепак, на дел од играчите им е потребен одмор и јас ќе им го овозможам. Против Исланд ќе настапат дел од фудбалерите кои беа резерви во првите две кола“ – порача хрватскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА