Работите не можат да бидат полоши за Арсенал во последно време, откако „топчиите“ паднаа под четвртото место на табелата, беа елиминирани од Лигата на шампионитее, а згора на тоа сега останаа и без својот најдобар фудбалер, Алексис Санчез. Чилеанецот го постигна единствениот гол при поразот од 3-1 од ВБА, но настрада при еден лизгачки старт на еден противнички фудбалер и заработи незгодна повреда на скочниот зглоб.
Повредата не е нималку наивна и Венгер сакал да го повлече чилеанскиот фудбалер од игра уште на полувремето, но самиот Алексис инсистирал да остане на теренот. Неговиот ефект разбирливо бил значително помал, а откако Арсенал прими два гола тој беше заменет.
„Зглобот на десната нога на Алексис е во апсолутно лоша состојба. Можеби има и оштетување на лигаментите, ќе видиме по деталните прегледи“ – изјави Венгер, потврдувајќи дека повредата на најдобриот фудбалер на „топчиите“ не е нималку наивна.
Алексис речиси сигурно ќе ги пропушти следните квалификациски натпревари на селекцијата на Чиле, но неизвесно е дали тој ќе се рехабилитира навреме за следниот премиерлигашки дуел на Арсенал, дербито на домашен терен со Манчестер сити закажано за 2 април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА