Од лошо, полошо за Олимпијакос: Пораз од Пао и бизарна повреда на Милутинов (ВИДЕО)

Панатинаикос стигна од уште една значајна победа во сезоната откако во 15. коло од грчкиот шампионат славеше со 85-80 против најголемиот ривал Олимпијакос. За „црвено-белите“ и те како е ден за заборав бидејќи покрај поразот останаа и без еден од своите најдобри кошаркари Никола Милутинов.

Српскиот репрезентативец заработи бизарна повреда на почетокот на третата четвртина кога при враќање во својот дел од теренот згазна на ногата на неговиот соиграч Костас Папаниколау. Центарот мораше со помош да биде испратен надвор од теренот, а на изненадување, доби и овации од домашната публикта.

Првичните информациите велат дека станува збор за тешка повреда, а колкаво ќе биде отсуството ќе биде познато по деталните лекарски прегледи.

Се вчитува...