Од луда, полуда завршница: Јокиќ промаши за победа, а Кари ги „здрма“! (ВИДЕО)

Феноменален натпревар одиграа Денвер и Голден Стејт синоќа во НБА лигата. Арон Гордон погоди 10 од 11 шута за три поени и постигна 50 поени, Никола Јокиќ повторно запиша „трипл-дабл“, но Нагетсите сепак беа поразени во Сан Франциско!

Како е тоа можно?! Па, Стеф Кари погоди две тројки во моментите кога срцето дури и на најсилните момци им застанува. Првата, за 120-120 на 23 секунди пред крајот речиси од центарот на теренот.

Денвер имаше доволно време да го подготви нападот за победата и го подготви, но Никола Јокиќ не искористи напад за победа. Промаши од средината на рекетот над Дрејмонд Грин, па следеше продолжение.

Имаше уште рововски битки и „рударење“ за секој кош, а по уште едно промашување на Јокиќ, Џими Батлер го прекина натпреварот со тројка за 133-127 на 40 секунди пред крајот.

Погледнете го лудиот финиш меѓу Денвер и Голден стејт…

Се вчитува...