Фабијан Делф освои се што можеше со Манчестер Сити на англиската фудбалска сцена, но на 29-годишниот играч за врска сепак поважно му беше во иднина да биде на теренот, отколку да освојува трофеи, па реши да си замине од редовите на актуелниот првак. Евертон ќе биде новиот клуб на Делф, откако „карамелите“ се договорија со „граѓаните“ висината на трансферот да изнесува осум милиони фунти.
Понудата е веќе прифатена, па англискиот репрезентативец денеска треба да ги мине лекарските прегледи на „Гудисон парк“, по што и официјално ќе потпише тригодишен договор со Евертон.
Иако станува збор за играч од средниот ред, тој од Гвардиола најчесто беше користен како резервен лев бек, и тоа како трета опција, зад Менди и Зинченко. Манчестер Сити веќе осигура покритие на тој дел од тимот, враќајќи го Анџелино од редовите на ПСВ Ајндховен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА