Од Мерцедес не престануваат да плачат: Мораме да го запреме ова пред некој да настрада (ВИДЕО)

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес повторно говореше за инцидентот на Големата награда на Италија кога Макс Ферстапен „слета“ над болидот на Луис Хамилтон при обид за претекнување.

Волф имаше интересна изјава во која во обвини Холанѓанецот за „нечесна игра“ со цел да го сопре противникот да освои бодови, но очигледно заборави на сударот помеѓу овие два возачи на „Силверстон“ кога Хамилтон го изврте Ферстапен па возачот на Ред Бул заврши во оградата со 190км/час.

„Време е да ставиме крај на овие т.н. „тактички фаулови“, кои го спречуваат ривалот да дојде до победа. Како и на кој начин? Не знам, но нешто мора да промениме. Се плашам дека ова излегува од контрола. Двајцата избегнаа сериозни последици, но не смееме да чекаме некој сериозно да се повреди пред да превземеме нешто“, изјави Волф.

<

По трката раководстовто на Формула 1 одлучи да го казни Холанѓанецот со три места наназад за ГН на Русија кој е закажана за 24. до 26. септември.

Се вчитува...