Милан триумфираше на гостувањето против Џенова со 0-1, по што го запоседна врвот во Серија А.
Но, лесно можеше да се случи и да остане без трите бода, по драмата која се случуваше во финишот на мечот.
Голманот Мајк Мењан доби црвен картон, а со оглед на тоа што тренерот Стефано Пиоли веќе ги направи сите измени во тимот, не можеше да уфрли резервен голман. Па, улогата на голман ја презеде напаѓачот Оливие Жиру кој се истакна и со една навистина сигурна интервенција, со што ја сочува својата мрежа за триумф на Милан.
Па, по сето тоа од Милан денеска одлучија да се пошегуваат со Жиру кој на официјалната интернет страница на клубот сега е ставен на позиција голман, заедно со Мењан, Миранте и Нава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

