Од Минхен во Торино, директорот на Баерн дојде по Де Лихт

Од Минхен во торино пристигна спортскиот директор на Баерн, со цел да ги финализира преговорите со Јувентус за трансфер на Матијас де Лихт.

Салихамиџиќ попладнево пристигна со приватен лет и веднаш беше пречекан од претставници на италијанскиот клуб.

„Ќе видиме“, одговори тој на прашањето дали е блиску договорот со Јувентус.

Де Лихт веќе има договор со Баерн Минхен за 5-годишна соработка и на „Алијанц Арена“ годишно ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Баерн е спремен да плати 75 милиони евра за неговиот потпис, додека Јувентус во моментив бара 90 милиони евра.

Меѓутоа, двата клуба влегуваат во финална фаза на преговорите и се очекува наскоро да најдат заеднички јазик за трансферот.

 

 

Се вчитува...