Од најголема ѕвезда до најголем проблем: „Шут карта“ за Нејмар од ПСЖ?

2023 година воопшто не е во знакот на ПСЖ. Парижани бележат порази во Франција, беа елиминирани и од тамошниот Куп, а во пресрет на најважниот натпреар на сезоната против Баерн Минхен во Лигата на Шампиони не е добра ниту атмосферата во соблекувалната, пренесуваат француските медиуми.

Како виновник се издвојува Нејмар кој по поразот од Монако направил вистински раскол меѓу соиграчите, а го нападнал и спортскиот директор Луис Кампос. Тоа не е прв пат Бразилецот да прави немир па трпението кај раководството на ПСЖ за еднаш најголемата ѕвезда во тимот е се помало.

Богатите газди на францускиот клуб размислуваат за големи промени доколку ПСЖ не ја освои посакуваната титула во Лигата на Шампиони оваа сезона, а токму Нејмар е прв на излезната врата. Претходната година се зборуваше за заминување на Бразилецот од „Паркот на Принцевите“, а престојното лето нема да биде изненадување доколку истото и се оствари.

Се вчитува...