Заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан предизвика вистински хаос меѓу навивачите кои бараат и претседателот Остоја Мијаиловиќ да го напушти клубот.
Првиот човек на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ, стана непријател број еден меѓу навивачите на црно-белите, откако се разделија со легендарниот Жељко Обрадовиќ. Навивачите немаат сомнежи, Остоја е виновен за сè и бараат негово заминување.
Па, раководството сега во изнаоѓањето начини како да ги смири навивачите, се одлучи да реализира спектакуларен потпис со НБА кошаркарот Малик Бизли.
Српските медиуми пишуваат дека челниците на црно-белиот тим веќе се договориле за доаѓањето на 29-годишниот кошаркар во Белград, што сигурно би било огромен потпис за Партизан.
„Синот на Остоја Мијаиловиќ го носи Малик Бизли во Партизан. Тие се на бројка од два милиони евра до крајот на сезоната“ – пишуваат српските медиуми.
Малик Бизли е 19-тиот избор од првата рунда на НБА драфтот во 2016 година. Тој беше драфтуван од Денвер Нагетс, чиј член беше до 2020 година. Потоа играше и за Минесота, Јута, ЛА Лејкерс, Милвоки Бакс и Детроит Пистонс.
Минатото лето, тој го загуби договорот од 40 милиони долари со Пистонс откако беше поврзан со истрага за наместени натпревари.
Малик Бизли во просек постигнува 11,7 поени по натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот. Минатата сезона играше феноменална кошарка со просек од речиси 17 поени по натпревар.
Сепак, поради истрагата, тој заврши без договор, па иако веројатно ќе биде ослободен, ќе мора да почека до следното лето за нов НБА договор. А, до тогаш вече се согласил да игра за Партизан до крајот на сезоната за навистина убава сума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

