Барселона го награди голманот Војчех Шчесни со нов договор на уште две сезони, откако денеска и официјално беше потврдено дека Полјакот ќе остане во Барселона до 2027 година.
И покрај тоа што веќе беше заминат во пензија минатата сезона, тој мораше да ја стопира по понудата од шпанскиот гигант, поради тешката повреда на Марк-Андре Тер Штеген, па така сега ќе биде дел од „Каталонците“ уште две години. Беше еден од заслужните за титулата во Шпанија.
Тоа значи дека Тер Штеген може да ги пакува куферите, ако се има во предвид дека претходно Барса го потпиша Жоан Гарсија од Еспањол, кому наводно му било ветено стартно место меѓу диреците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

