Дион Вејтерс беше пред завршување на кариерата откако на крајот од минатата година доби отказ од Мајами Хит проади скандалот со предозирање од гумени бонбони. Сепак искусниот бек шутер успеа да направи промена во својот живот и да се насочи само кон кошарката која го доведе до потпис со ЛА Лејкерс.
Еден од најтрофејните тимови во лигата се одлучи до крајот на сезоната да го потпише Вејтерс во обид да стигне до трофејот во НБА по пауза од цели 10 години.
За потсетуавње Мајами Хит го избрка Дион Вејтерс откако тој ја изгуби свеста во ноември месец во текот на летот кон Лос Анџелес откако се предезориал со гумени бонбони. Кошаркарот ја изгубил свеста, а потоа имал напад, но за среќа веднаш му беше дадена медицинска помош и беа избегнати поголеми проблеми.
„Вознемирени сме поради однесувањето на Дион сезонава. Веќе имаше неколку ситуации кога тој со неговот однесување му наштети на клубот“, стоеше во тогашното соопштение на Мајами Хит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА