Од Премиерлига до Чемпионшип за една сезона

Грем Потер е последната жртва на модерниот фудбал. Англискиот стратег седна на клупата на Челси по отказот на Томас Тухел, но и покрај тоа што за него беше платено и обесштетување до Брајтон, катастрофалните резултати му донесоа и нему отказ на „Стемфорд Бриџ“.

Младиот тренер сега е без анагажман, нема ни голем интерес за негов ангажман, но тој сепак постои од страна на Лестер, пренесуваат англиските медиуми. Тимот од „Кинг Пауер“ и самиот има разочаруачка сезона со што е пред преселба во Чемпионшип.

Потер е главна мета на „лисиците“ кои по 36. одиграни натпревари во Премиерлигата заостануваат два бода зад зоната која носи прволигашки фудбал и следната сезона.

Се вчитува...