Од раководството на Јувентус конфискувани околу 75 милиони евра

На сопственикот на Јувентус, Џон Елкан ќе му бидат одземени 75 милиони евра, одлучи судот во Торино. На Елкан ќе му бидат одземени финансиски средства, движен и недвижен имот, а неговиот брат Лапо, како и неговата сестра Гинерва и претседателот на Јувентус Џанлука Фереро се под истрага.

Семејството Елкан го наследни имотот во 2019 година по смртта на нивната баба Марела Карачиоло, сопруга на екс шефот на Фиат, и сопственик на Јуве, Џани Ањели.

Според адвокатите на Елкан, конфискацијата на имотот е стандардна постапка што не значи дека обвинетите се виновни.

-Потенцираме дека Марела Карачоло е жител на Швајцарија од раните 70-ти години, многу пред да се родат браќата Елкан. Нејзината желба да живее во Швајцарија беше непроменета“, се вели во соопштението на адвокатите, кои се „убедени дека можат да ја докажат невиноста на своите клиенти“.

Се вчитува...