Апсурдна ситуација во последните часови од преодниот рок во шпанската Ла Лига, за која пишуваат шпанските медиуми. Трансферот на играчот од офанзивниот дел на средниот ред Павло Форналс во Бетис, беше 100% реализиран, но дошло до неочекуван пресврт.
Во три часот наутро, извршниот директор на Бетис Рамон Аларкон објави дека поради инцидент со компјутерот, не бил реализиран трансферот, и покрај тоа што челниците на Ла Лига одобрила и регистрација на играчот и после полноќ.
„Се надевам дека тоа може да се поправи“, рече Аларкон, кој потврди дека трансферите на Чими Авила од Осасуна и Седрик Бакамбу од Галатасарај биле комплетирани.
„Ситуацијата околу Форналс се искомплицира во последен миг. Се случи компјутерски инцидент, а ние направивме се што можеме да направиме. Бетис ги испорача документите на време. Изгледа дека во Вест Хем имале проблеми со својот систем. Не беше тоа само случај со нашиот, туку и со други клубови. Се надеваме дека тоа ќе биде решено идните денови“, изјави извршниот директор на Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА