Од рубриката „верувале или не“: Невидена коинциденција со повредените ѕвезди на Барселона

Вчера на средбата со Порто во Лигата на шампионите, Барселона остана без Роберт Левандовски, кој во 34. минута мораше да го напушти теренот.

Барселона триумфираше со 0-1, а полскиот репрезентативец мораше да го напушти теренот, и на негово место влезе Феран Торес, кој го постигна голот вреден три бода.

Претходно Барселона остана без повредените Френки Де Јонг и Рафиња. Интересна е коинциденцијата со трите повредени ѕвезди. Сите тројца, верувале или не, се повредија во 34. минута.

Се вчитува...