Шкендија триумфираше против ирски Шелбурн во Конференциската лига на УЕФА за прва историска победа на македонска екипа во групната фаза од европските клупски натпреварувања во историјата.
Ирците веруваа дека можат до реми, но со доцен автогол си пресудии за три бода на „црвено-црните“ од Тетово.
„Премногу сме разочарани од резултатот. Заслуживме барем реми, но во второто полувреме не игравме како што замисливме поради повреди на некои од играчите. По замените поради повреди се измести малку нашата игра, и едноставно не можевме да го дадеме максимумот. Мора да ги пофалам домаќините, игравме на добар терен и против квалитетна екипа како што е Шкендија. На крајот имаа и повеќе среќа. Разочаран сум затоа што во последните минути моравме да дадеме повеќе од себе за да го задржиме резултатот. Во секој случај имаме уште натпревари и продолжуваме понатаму со желба за пласман во следната рунда“ – изјави по мечот тренерот на Шелбурн Џои О’Брајан.
Шелбурн претходно, во 1. коло од Конференциската лига ремизираше со шведски Хакен, а во следното коло во Ирска гостува косовска Дрита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

