Од Шкупи веруваат дека се разбудиле: Сега ќе победиме!

Во паузата поради настапите на македонската репрезентација, фудбалерите на Шкупи интензивно се подготвуваа за продолжението на сезоната, кое денеска продолжува со два натпревари од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Ардит Дестани, крилниот напаѓач на чаирчани и стрелец на два гола во досегашниот тек од првенството, верува дека на гостувањето против Башкими, Шкупи може да стигне до позитивен резултат.

„Се одморивме, но и максимално се подготвивме  за овој натпревар. Башкими е сериозен противник,  тим кој  иако се врати Првата лига, покажа дека е опасен и игра на високо ниво. Работевме напорно и одиме во Куманово со јасна цел да забележиме позитивен резултат. Башкими има голема поддршка од трибините, но за нас е позитивно и тоа што ќе играме на добар и погоден терен за нашата игра. Се надеваме дека нема да има грешки или пропусти, и на крајот ќе победи најдобриот. Ќе дадеме сè, ќе се бориме до крај – затоа што веруваме во нашата работа, во нашиот тим и во нашата победа“, вели Ардит Дестани.

Натпреварот помеѓу Башкими и Шкупи ќе се игра на стадионот на Башкими, денеска од 14:30 часот.

Се вчитува...