Од Силекс реагираат: Судиска кражба, Вардар победи нечесно…(ВИДЕО)

Не стивнуваат реакциите во Кратово по вчерашниот пораз на Силекс од Вардар во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Вардар триумфираше минимално со 0-1 по гол од пенал, но кратовци потенцираат дека сето тоа е поради лошото делење на правдата на главниот судија Стојанче Стојанов од Штип единствено на штета на Силекс.

Од таборот на Силекс нагласуваат дека единствениот гол на Вардар бил постигнат по пенал на кој му претходеше очигледна офсајд позиција во која се најде Бразилецот Јуфо. Но, на сето тоа не реагирала судиската тројка во таа ситуација во 9. минута. За разлика од реакцијата на спротивната страна во 31. минута кога на Силекс му беше поништен погодок под крајно сомнителни околности поради наводен офсајд за кој домаќините тврдат дека не постеше…

Се вчитува...