„Од срце се радувам на успехот на секоја наша екипа во Европа“

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири денеска на прес-конференцијата пред утрешниот дуел со Карабах, истакна еден многу важен момент. Беќири даде џентлменска изјава во пресрет на мечот со тимот на Азербејџан, а тоа е дека успехот на секоја екипа од ПМФЛ во Европа, носи поени и за другите тимови.

Тој истакна дека не смее да се дозволи клупскиот фудбал да падне под 50 место на рејтингот на УЕФА, затоа што во спротивно тоа би било лошо за сите екипи.

„Секој бод, секој нерешен резултат, секој пласман понатаму, секоја победа за нас е многу важна. Јас се радувам  на победите и на другите екипи затоа што не смееме по ниту една цена да паднеме под 50 место на клупскиот рејтинг. Не сакам да одговорам политички, но сакам од срце, за мене не е важно која екипа прави резултати, секогаш навивам на нашите екипи кога играат во Европа. Затоа што ние тука живееме, ние тука играме, и работите зависат од секоја екипа. Многу е важно македонскиот фудбал да се подигне на повисоко ниво, и тоа ни носи бенефит на сите, на другите клубови“, изјави Беќири.

Се вчитува...