Од срцев удар на 37 години почина поранешен репрезентативец на Јужна Африка

Спортот е завиен во црна по веста за смртта на поранешниот репрезентативец на Јужна Африка во рагби, Корнел Хендрикс. Хендрикс починал ненадејно на 38-годишна возраст како последица на срцев удар.

Хендрикс својот последен професионален натпревар го одигра минатата година за Булс во четвртфиналето од Купот на шамионите против Нортемптон Сајнц.

Веста за неговата смрт ја потресе спортската заедница, а генералниот менаџер на Булс, Едгар Ратбоун објави емотивна порака.

„Длабоко сме тажни и многу не погоди трагичната вест за смртта на Корнал. Тој беше многу повеќе од талентиран играч. Тој знаеше како да внесе енергија во секоја соба, беше икона меѓу своите соиграчи, пријател низ многу сезони и инспирација во соблекувалната. Тој беше брат, син, пример за углед и инспирација за старите и младите. Неговата насмевка беше заразна, осветлувајќи сè околу него. Пред сè, го познававме Корнал како горд татко на своите деца“, стои во објавата.

Се вчитува...