Доколку ја посакува шампионската титула оваа сезона фудбалерите на Шкендија, без сомнение, од самиот старт на пролетниот дел мора да демонстрираат сериозен резултатски атак.
Во првиот натпревар од вториот дел од шампионатот Шкендија на домашен терен ја пречекува Струга ТЛ, повеќе од незгоден противник кој секогаш се води од амбициите за триумф на секој натпревар.
Стружани полни оптимизам го очекуваат и денешното гостување во Тетово.
„Сите ги знаеме квалитетите на тимот на Шкендија, но и неколку пати бевме сведоци дека знаеме да изненадиме против поголемите екипи. Во Тетово одиме да го дадеме најдоброто од себе и да се надеваме дека на крајот ќе извлечеме позитивен резултат. Позитивно тука би вклучил и нерешено, со оглед дека Шкендија во зимскиот преоден рок се засили со навистина квалитетни фудбалери“ – вели фудбалерот од средниот ред на Струга ТЛ, Бесмир Бојку.
ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
Скопје: СКОПЈЕ – БОРЕЦ
Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ
Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
ВЧЕРА
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА 1-2 (0-1)
Дамњановиќ 58′ – Денковски 16′ (аг)., Серафимовски 52′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

