Голема битка за првото место водеа селекциите на Македонија и на Албанија, на претквалификацискиот футсал турнир што се одржа во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Беше тензично, и двата тима ја посакуваа победата, а на крајот македонските репрезентативци покажаа повеќе и со 3-2 го добија клучниот меч против Албанија. Ќе играат во следниот елитен квалификациски циклус во Украина, против домашата селекција, Словенија и против Косово.
По триумфот, еуфорија во СЦ „Јане Сандански“. Ја заслужија радоста со одличните игри на сите три натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА