Од терен до затвор: Фудбалер брутално го претепа судијата, па полицијата веднаш го уапси (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Вилијам Рибеиро беше уапсен по бруталниот напад врз главниот судија. Во дуелот помеѓу бразилските нисколигаши Сао Паоло РС и Гуараниа, Рибеиро ги загуби нервите на почетокот на второто полувреме и физички го нападна судијата Родриго Кривелар.

Иако соиграчите и противниците брзо го разделија од судијата, тој успеа да му зададе неколку удари од кои судијата ја загуби свеста. Главниот арбитер бил итно пренесен во болница каде што преноќил со цел да му бидат направени дополнителни тестови, бидејќи тоа било навистина брутален нокаут.

По овој инцидент Рибеиро од зелениот терен заврши во затвор.

 

Се вчитува...