Од адвокатскиот и ПР-тимот на Килијан Мбапе веднаш се огласија по шпекулациите кои денеска се појавија во европските медиуми дека Килијан Мбапе веќе се договорил со Реал Мадрид од лето да се пресели на Сантијаго Бернабеу.
Од таборот на Мбапе категорично демантираат, нагласувајќи дека се уште не е донесена одлука за иднината на фудбалерот.
„Нема договор или одлука за иднината на Килијан, ниту имало формални дискусии. Исто така ниту еден вид на влијание не може да го диктира времето на дискусии, размислувања и конечни одлуки на Килијан“ – се вели во информацијата од тимот на Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА