Минатата седмица директорот на Австралија Опен, Креј Тајли објави дека Рафаел Надал ќе го има својот „кам-бек“ на тенисот на Грен Слемот во Мелбурн.
Бенито Перес Барбадиљо од тимот на Надал како претставник на медиумите, е крајно изненаден од изјавите на Тајли, напоменувајќи дека и натаму не е познато кога „Бикот од Мајорка“ ќе се врати на терените.
„Видовме извештаи и изјави, но не можеме да потврдиме ниту да кажеме сигурно кога ќе се врати. Прерано е да се каже. Не објавивме датум од таа причина. Не знаеме. Рафа дури сега почна да тренира“, изјави Барбадиљо.
Сето ова го коментираше и Алекс Кореча.
„Не би одел толку далеку да кажам дека сигурно би играл на Австралија опен, се додека тој не го потврди тоа. Го познавам Крег со години и многу сум изненаден од таа негова изјава, особено ако се покаже како невистина. Тешко ми е да разберам дека таква тешка организација како Австралија опен одново се „истрча“, а да не е сигурна дека тоа Рафа им го соопшти“, истакнува Кореча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

