Легендарниот стопер на Јувентус, Џорџо Кјелини по осумнаесет години минати во редовите на „старата дама“ реши кариерата да ја продолжи во МЛС лигата.
Неговиот договор со торинскиот гигант истече, па како слободен играч, ветеранот донел одлука да ја продолжи кариерата преку океанот и во иднина ќе го носи дресот на Лос Анџелес.
Кјелини со „црно-белите“ освои девет титули во италијанскиот шампионат, пет пати беше победник на Купот на Италија, а двапати на Суперкупот на Италија.
✍️ OFFICIAL: @chiellini ➡️ @LAFC 🇺🇸 pic.twitter.com/lMOFFNss8s
— 433 (@433) June 12, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА