Џошуа Циркзи се согласи да се пресели во Манчестер Јунајтед и прашање на денови е кога ќе се официјализира соработката, а покрај Болоња добро ќе заработи и Баерн Минхен.
Циркзи влезе во сериозниот сениорски фудбал во дресот на гигантот од Минхен, а потоа од Баерн се пресели во Болоња. Како дел од тој трансфер, покрај паричната сума за холандскиот напаѓач, Баерн побара и процент од следната продажба – поточно 50 проценти.
Манчестер Јунајтед ја плати цената што ја постави Болоња, нешто повеќе од 40 милиони евра, па Баерн ќе добие близу 21 милион евра за играчот кој пред две години го продаде на друг клуб.
Исто така имаше и опција Баерн да го врати за 20 милиони евра, меѓутоа таа клаузула нема да ја искористи.